Мексиканскиот боксер Саул „Канело“ Алварез доби условна суспензија од Спортската комисија на државата Невада по двата позитивни тестови на кленбутерол, потврди директорот Боб Бенет.
Алварез ќе мора да се сретне со комисијата на 10 април за конечна одлука во случајот, на помалку од еден месец пред предвидениот ри-меч со повеќекратниот шампион, Казахстанецот Генадиј Головкин во Лас Вегас на 5 мај. Првиот меч заврши со контроверзно реми во септември.
27-годишниот Алварез бил позитивен на двата теста направени во февруари, како дел од договорот за ри-мечот со 35-годишниот Головкин. Кленбутеролот е помалку контроверзно средство, кое може да се користи за намалување на маста во телото, но честопати се дава на говедата за да има подобро месо.
За позитивен тест на кленбутерол, пензионираниот велосипедист Алберто Контадор загуби победа на Тур де Франс. И тој, слично како Алварез, тврдеше дека се работи за јадење на контимирано говедско месо.
Алварез има 49-2-1 скор, со единствен пораз од Флојд Мејведер Јуниор во 2013, додека Головкин има 37 победи во 38 меча и ремито со Мексиканецот.