Top Sport

Циципас го преживеа трилерот со Кокинакис

Стефанос Циципас во драматичен меч, против 267 играч на АТП листата, Танасис Кокинакис, успеа да избегне елиминација од Австралија опен. Петтиот носител, по голема борба која траеше четири часа и 35 минути, забележа победа 6/7, 6/4, 6/1, 6/7, 6/4.

Клучниот момент во мечот се случи во шестиот гем од решавачкиот сет, кога Циципас успеа да направи брејк. До крајот на мечот успеа да ја задржи предноста и да закаже меч со Микаел Имер.

За разлика од Циципас, во три сета втората рунда ја минаа Русите, Андреј Рубљов и Карен Хачанов.

Рубљов го победи Бразилецот Монтеиро со 6/4, 6/4, 7/6, додека Хачанов славеше во дуелот со Литванецот Беракнис 6/2, 6/4, 6/4.

Матео Беретини одигра четири сета и успеа да го победи Чехот Михац со 6/3, 6/2, 4/6, 6/3.

Турнирот во второто коло заврши за Борна Чориќ. Хрватот загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд со 1:3 во сетови.

Scroll to Top