Тотенхем, синоќа, во спектакуларен меч со девет голови, испадна од ФА купот. Евертон ја порази четата на Жозе Мурињо, во дополнителните 30 минути со 5:4, откако во регуларниот тек натпреварот, преполн со пресврти, заврши 4:4.
„Уживав и не уживав. Уживав кога топката ја имавме кај нас, ме боли како игравме во одбраната. Бевме храбри и креативни кога ја имавме топката, бевме подобри на теренот, водевме со 1:0, а потоа за пет минути бум-бум-бум, грешка-грешка-грешка, гол-гол-гол“, рекол Мурињо и дополнил.
„Како игра на мачка и глушец, се враќавме, па повторно грешевме. Глушецот се нашите грешки во одбраната, а мачката се нашите обид да се вратиме во мечот. Ве молам немојте да ме терате да зборувам за грешките во одбраната, беа толку очигледни, не ми е пријатно да зборувам за нив“.