Дури 90 англиски навивачи беа уапсени од полицијата во Амстердам по проблемите кои ги направија низ холандскиот град пред и по пријателскиот меч меѓу Холандија и Англија.
Полицијата во Амстердам преку својот официјален Твитер профил потврди дека вкупно над 100 англиски навивачи биле уапсени оваа недела. Речиси 60 од тие навивачи беа уапсени во „неславниот“ дел на градот каде што се легалните бордели.
„Уапсивме 90 Англичани, најмногу поради нарушување на јавниот ред и мир. Дел од нив беа уапсени бидејќи фрлаа со лименки пиво кон полицајците. Најмногу беа уапсени кога нападнаа едно возило на полицијата. Кога ја уапсивме таа група, во тој дел од градот стана мирно, иако имаше над 100 Англичани кои не правеа проблеми“, вели портпаролот на полицијата во Амстердам.
Од полицијата потврдија дека специјалците ќе останат во градот да осигураат дека нема да има дополнителни проблеми.
Англискиот селектор Герет Саутгејт уште еднаш побара навивачите да не прават проблеми, откако во Амстердам дојдоа над 6 илјади Англичани.
„Важно е да се ужива во натпреварот, да се навива на вистински начин и да се замине дома. Мора да се почитуваат ривалите и земјата каде што престојуваат“, изјави Саутгејт.
? England fans goading Dutch residents as they walk by…
An absolute disgrace
(?@RobinAntonisse)#NEDENG pic.twitter.com/ntEtVTFo5X
— The Sportsman (@TheSportsman) March 23, 2018
??♂️ Drunk England fans being tackled by Police in Amsterdam after 2 days of boozing…
(? @stijndevries)#NEDENG pic.twitter.com/uOWWKFWxpo
— BenchWarmers (@BeWarmers) March 23, 2018
Милер со „бомба“ за реми со Шпанија, Лингард доволен за Англичаните (видео)