Top Sport

Михајловиќ открил зошто папата сакал да го прогласи за светец

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, убаво се забавувал на прес-конференцијата, пред натпреварот со Беневенто. Болоња и Беневенто ќе играат во петок од 20.45 часот.

Тренерот на Болоња, на новинарите им раскажал за неговата средба со поглаварот на римо-католичката црква, папата Фрањо. Михајловиќ рекол дека три часа траела неговата посета, што не е пракса.

„Преубаво искуство. Тој е прекрасен, разговаравме три часа. Праксата е со папапда разговорите да траат најмногу 15 минути. Имавме разговор со човек кој минал низ многу проблеми и кој ви дава сила, човек кој и во лошите ситуации пронаоѓа нешто добро“, рекол тренерот на Болоња и дополнил.

„Кога ме виде, папата веднаш ми рече: ‘Веднаш ќе те прогласам за светец’. Го прашав зошто, тој ми одговори: ‘Затоа што ја донесе и тешта ти’. Јас кај папата бев во друштво на сопругата и нејзината мајка. Тој е многу мудар човек, кој го обожува фудбалот“, рекол Михајловиќ.

Scroll to Top