Top Sport

Фудбалерите барале Џеко повторно да биде капитен, Рома одбила

„Ла газета дело спорт“ тврди дека фудбалерите на Рома побарале клубот да му ја врати капитенската лента на Един Џеко, но дека клубот го одбил тоа.

Поранешниот напаѓач на Манчестер сити влезе во конфликт со тренерот Пауло Фонсека и минатиот месец клубот реши тој веќе да не биде капитен, откако тренираше посебно од првиот тим и беше пред трансфер во Интер со трампа за Алексис Санчез.

Барањето да се врати капитенската лента на Џеко ја поддржал и Лоренцо Пелегрини, кој според италијанските медиуми ќе биде новиот капитен на „волчицата“. Џеко беше вратен во тимот на Рома против Јувентус минатиот викенд, кога беше на клупата и влезе во второто полувреме, но се очекува да биде стартер против Удинезе во недела.

Scroll to Top