Бекот на Пари Сен-Жермен, Томас Муние вели дека Унаи Емери нема да продолжи да биде тренер на клубот и следната сезона.
„Многу работи ќе се сменат следната година, вклучувајќи го и тренерот“, изјави Белгиецот за „Л’Екип“ додека беше со неговиот национален тим.
ПСЖ имаат убедливо водство на врвот на Лига 1 и речиси сигурно ја имаат обезбедено националната титула, меѓутоа беа елиминирани во Лигата на шампионите од Реал Мадрид овој месец, откако реваншот го играа без првата ѕвезда на тимот, Нејмар, кој беше на операција на стапалото во Бразил.
Фото: ЕПА