Хрватската тенисерка Дона Векиќ (33-та на ВТА листата) првпат во кариерата влезе меѓу 16 најдобри на Австралија опен откако ноќеска со 2-1 во сетови (5-7 7-6 и 6-4) по 2 часа и 36 минути игра ја совлада Естонката Каија Канепи.
24-годишната тенисерка од Осијек во понеделник ќе се судри со 25-годишната Американка Џенифер Брејди (24-та на ВТА листата) која без никакви проблеми славеше триумф од 2-0 (6-1 и 6-3) против Словенката Каја Јуван.
Во останатите ноќешни двобои на женскиот дел од Австралија опен, Мичова со 2-0 беше подобра од Каролина Плишкова, Свитолина со 2-0 ја совлада Путинцева, Пегула славеше против Младеновиќ со истиот резултат, а во два сета и Мертенс славеше против Бенчич.