Крис Фрум, четирикратен шампион на Тур д’Франс, би можел да не настапи на најпрестижната велосипедската трка во светот, пренесува „Сјклинг њуз“. Против Фрум се води процес поради допинг, меѓутоа според правилата на Меѓунеродната велосипедска унија (УЦИ), се додека случајот не заврши тој има право да се натпреварува.
Бидејќи процесот во УЦИ се одолговлекува постои можност организаторите на Тур д’Франс да не му дозволат на Фрум да улествува во трката, доколку случајот не биде решен.
Фрум оваа сезона учествувал на трките Вуелта Андалусија дел Сол и на Тирено-Адријатик. На двете трки тој постигна резултати кои се под неговото реноме.
За потсетување, Фрум „падна“ на допинг тестот за време на третиот гранд тур во сезоната, Ла Вуелта. Еден од најдоминантните велосипедисти во последните неколку години имал двојно повеќе салбутемол од дозволеното.
Салбутемол го користат астматичарите, а дозволената количина во спортот е 1000 нанограми по милилитар.
Фрум, во своја одбрана, тогаш рекол дека докторот му препорачал да земе поголема количина бидејќи му се влошила ситуацијата со астмата.
Тур д’Франс ќе стартува на 7 јули и ќе трае до 29 јули. Титулата ја брани токму Крис Фрум.