Top Sport

Кари ќе паузира три недели, се враќа за плејофот

Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе отсуствува од тимот најмалку три недели, објаво ЕСПН. Кари, кој неодамна се опорави од повредата на скочниот зглоб, изминатата ноќ на натпреварот со Атланта го повреди коленото.

Новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, објави дека повредата не е толку сериозна и дека Кари би можел да биде подготвен за почетокот на плејофот, на 14 април.

Магнетната резонанца потврдила дека станува збор за истегнување од втор степен на медијалниот колатерален лигамент на левото колено.

Војнаровски обајви дека за три недели Кари поторно ќе оди на магнетна резонанца и дек тогаш ќе биде познато дали плејмејкерот ќе биде во тимот за почетокот на плејофот.

Слична повреда Кари имаше и во 2016 година, тогаш паузираше две недели.

Scroll to Top