Top Sport

Федерер: Заслужив да го загубам првото место

Танаси Кокинакис го елиминира Роџер Федерер на мастерсот во Мајами. Австралискиот Грк, 175. на АТП листата, го победи Швајцарецот по два часа и 20 минути игра 3:6, 6:3, 7:6. Поради овој пораз Федерер од понеделник нема да биде број 1 на АТП листата.

Федерер по шокантната елиминација од Мајами потврди дека, исто како и лани, ќе ја пропушти целата сезона на земјана подлога.

„Не се чувствував добро на теренот, лошо се движев. Чувствував дека имам шанса, меѓутоа носев лоши одлуки, што мојот противник знаеше да ги искористи. Беше подбар од мене. Беше опуштен. Јас се „барав“ себе си во текот на целиот меч“, рекол Федерер и потврдил дека и оваа година нема да игра на земјана подлога.

„Одлучв да ја пропуштам сезоната на земјана подлога. Минатата недела не играв добро. Се обидувам да го откријам проблемот, имам доволно време. Заслужив да го загубам првото место, ова денес изгледаше навистина лошо“, рекол Федерер.

Сензација во Мајами, Кокинакис го елиминира и детронизира Федерер

Scroll to Top