Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, по победата на премиерната трка во новата сезона, Големата награда на Австралија во Мелбурн, изјави дека посакувал безбедносното возило да излезе на патеката, бидејќи на почетокот имал проблеми со гумите.
Фетел, во неделата, ја забележа 48.победа и 100. подиум во кариерата. Само тројца возачи пред него оствариле најмалку 100 пласмани на победничкиот пиедестал, тоа се Луис Хамилтон, Михаел Шумахер и Алан Прост.
„Имавме среќа со безбедносното возило, меѓутоа навистина уживав во оваа трка. Се надевав дека на почетокот ќе бидам многу подобар, но морав да се задоволам со третото место. Го загубив чекорот со Луис и Кими, имав проблеми со гумите и се молев на патеката да излезе безбедносното возило“, рекол Фетел и дополнил:
„Имавме среќа. Имаме уште многу работа да завршиме. Не сме таму каде би сакале да бидеме, но ова е добар почеток и мотивација за на што следува“.
Втората трка во сезоната, Големата награда на Бахреин, ќе се вози на 8.април.