Серхио Рамос, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Реал Мадрид. Ова го објави „Ел Чирингито“, во емисија, емитувана изминатата ноќ. Информацијата на „Ел Чирингито“, е спротивна од онаа што во неделата претпладне ја лансираше „Марка“, дека Рамос се договорил со претседателот Флорентино Перез и дека ќе го продолжи договорот.
Серхио Рамос е актуелен во медиумите, во изминатите два месеци, а како стојат работите неговото име ќе го вртат најмалку до 30.јуни, кога истекува неговиот договор со Реал.
Наводно, Реал не сакале да му понудат двегодишна соработка, а покрај тоа му понудиле 10 отсто помала плата од сегашната. „Марка“, вчера, објави дека Рамос и Флорентино Перез, два пати разговарале телефонски, се „прашале за здравјето“ и се договориле.
Медиумот кој е близок до Реал, не објави каков договор постигнале претседателот и капитенот.
Од друга страна „Ел Чирингито“, излезе со наслов: „Готово е, Рамос заминува“. Новинарот на овој медиум, тврди дека преговорите на релација Реал-Рамос не мрднале од „мртвата точка“, бидејќи никој не сакал да попушти.
Поради тоа Рамос решил по 16 години да го напушти Реал.