Венус Вилијамс ги задржа шансите изненадувачки да се врати на првото место на ВТА листата откако во битка на генерациите ја совлада шампионката од Ролан Гарос, Летонката Јелена Остапенко.
37-годишната Американка ја победи 17 години помладата противничка по 3 часа и 13 минути игра со 7:5/6:7(3)/7:5, за да се врати по првиот пораз од Каролина Плишкова. Двете тенисерки се мачеа да останат на свој сервис, а беа одлични на ретурн за да придонесат за интересен меч.
„Имаше многу моменти кога мислев дека го имам мечот, но таа едноставно не се предаваше и повторно се враќаше. Не играв толку лошо на мој сервис, но Јелена има одличен ретурн. Ќе видиме дали ќе победам повторно“, изјави Вилијамс.
.@VenusesWilliams records first win at 2017 #WTAFinals!
Battles past Ostapenko 7-5, 6-7(3), 7-5! pic.twitter.com/BkFcRkiCNp
— WTA (@WTA) October 24, 2017