ПСЖ, синоќа ја прегази Барселона на „Ноу Камп“ со 4:1 и направи осмина-финалниот реванш, кој на програмата е на 10.март во Париз да биде само формалност.
Овој дуел ги откри сите слабости во играта на Барселона, особено во последната линија, во која по пауза од три месеци се врати Џерар Пике. Искусниот фудбалер беше еден од најлошите играчи на теренот, поради што и беше заменет во 78.минута.
Пике, денес е тема во медиумите, кои ги открија неговите пцовки упатени кон соиграчите, особено кон Антоан Гризман. Ова се случуваше во 40.минута при резултат 1:1.
„Ајде, барем еднаш задржи го поседот. Ова е е.ен пекол. Ајде. Ајде е.ено да ја задржиме топката“, урлал Пике.
„Полека Гери, престани да викаш“, одговорил Гризман.
„По ѓаволите Гризи, е.ено по ѓаволите““, продолжил со викањето Пике, на што Гризман во вратил со зборовите: „Пи..а ти матер“.
„Не него на твојата! Трпиме, лоши сме, тоа трае пет минути. У пи..у матер“, му вратил уште еднаш Пике.
Прашање е како овој пораз ќе влијае врз атмосферата во тимот, бидејќи Барселона се наоѓа пред елиминација.
Piqué: “Just one f***ing long possession, f**k!”
Griezmann: “Calm down, stop yelling…your mother’s c**t.”
Piqué: “No, your mother’s c**t, we are suffering and running like crazy people.”
— Zach Lowy (@ZachLowy) February 16, 2021