Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес инсистираше дека неговиот клуб го загуби интересот да потпише со Хери Кејн, бидејќи Тотенхем би барале 250 милиони евра за него.
Англискиот интернационалец е еден од „најжешките“ фудбалери во моментов, со 45 гола во 40 меча во 2017 година, и нормално формата донесе интерес со Реал Мадрид, а шпанските медиуми тврдеа дека Перез веќе почнал со преговорите кога Тотенхем гостуваше на „Сантијаго Бернабеу“.
Перес вели дека нема да го рушат рекордот за потпис на фудбалер (моментално на 222 милиони евра за потписот на Нејмар со ПСЖ).
„Можноста да потпишеме договор со Хери Кејн не ми помина низ умот. Тој е голем фудбалер и младоста е на неговата страна, така што може да биде уште подобар. Меѓутоа, ние сме задоволни со Карим Бензема и со остатокот од клубот. Не го прашав претседателот на Тотенхем за цената, бидејќи сигурно ќе ми кажеше 250 милиони евра“, вели Перес.
Тотенхем ги пречекува мадриѓани на „Вембли“ следната недела.