Елис Мертенс и Арина Забаленка, ја освоија титулата во двојки на женскиот дел од турнирот, на Австралија опен. Белгиско-белоруската комбинација во финалето ги победија Барбора Крејчикова и Катерина Синијакова од Чешка.
Мертенс и Забаленка, за 91 минута, го решија мечот со 6/2, 6/3. Победничките покажаа квалитет, подобро ги играа клучните поени, за разлика од тенисерките од Чешка, кои беа нервозни и кои во мечот направија осум дупли сервис грешки.