Нејмар и ПСЖ ги договориле сите детали околу продолжувањето на соработката. Француските медиуми тврдат дека Бразилецот ќе го продолжи договорот до 2026 година.
Нејмар, во август 2017 година за рекордна сума од 222 милиони евра, од Барселона се пресели во ПСЖ. Тој неодамна наполни 29 години, што значи дека е можно кариерата да ја заврши во дресот на „светците“.
Според актуелниот договор, кој истекува во 2022 година, Нејмар има годишна плата од 31 милиони евра. Французите тврдат дека со новиот договор ќе добие и поголема плата од досегашната.
Поради честите повреди, Бразилецот, има одиграно само 103 натпревари за ПСЖ, на кои постигнал 83 гола.