Top Sport

Повредата на Толисо удар за трансфер-плановите на Баерн

Играчот на Баерн и репрезентацијата на Франција, Корентан Толисо, поради повреда ја заврши сезоната. Толисо, на вчерашниот тренинг, ја скинал тетивата во мускулот.

Има две причини поради кои повредата на Толисо претставува голем проблем за Баерн. Ротацијата во тимот, поточно во редот за врска, сега е значително скратена, а исто така може да влијае врз трансфер плановите на клубот.

Договорот на Толисо со Баерн истекува во јуни 2022 година, Баерн нема да му понудат нов договор, што значи дека летниот преоден рок е последна шанса клубот да заработи од неговата продажба.

Прашање е дали, по оваа повреда, поради која ќе паузира неколку месеци, некој клуб ќе биде заинтересиран за Толисо. Минатото лето тој се поврзуваше со Интер и Јувентус.

Толисо е четвртиот фудбалер на кој нема да може да смета тренерот Ханси Флик. Поради разни повреди од тимот се отсутни Серж Гнабри, Даглас Коста и голманот Алкесандар Нубел. Поради коронавирусот, Флик, не може да смета на Томас Милер и Бенжаман Павар.

Scroll to Top