Поранешниот освојувач на олимписка бронза и тренер во уметничко лизгање, Питер Опегард е под истрага во САД по обвинувањата дека физички ги малтретирал лизгачките со кои работел, вклучувајќи фрлање на жешко кафе кон нив и гризење!
Опегард, кој освои бронза на Олимпијадата во 1988 година во Калгари, е обвинет дека применувал брутални техники на тренирање од својата поранешна лизгачка Џесика Фунд, која тврди дека тој ја гризел на тренинзите, но бидејќи имала само 15 години не го пријавила на федерацијата.
„Ми помагаше да се позиционирам на мразот при скок. Ме држеше со две реаце и ме гризна на рамото. Не сфаќав што се случува“, вели Фунд за инцидентот кој се случил во 2013 година.
Опегард е поранешен сопруг на Карен Кван, постарата сестра на американската лизгачка легенда Мишел Кван, која освои пет светски титули и две олимписки медали. Семејството на Кван било сопственик на лизгалницата „Артесија“ во Калифорнија каде што се случиле инцидентите. Опегард работел таму од 2005 до 2018 година.