Вулверхемптон стигна до 1:0 победа над Лидс во дуел од средината на премиерлигашката табела, поминувајќи ги на 11-тото место на табелата со нивната трета победа во последните четири меча.
За разлика од претходните неколку мечеви на Лидс, кога паднаа многу голови, и во нивната мрежа и во противничката, овојпат клучен беше еден момент, 64. минута кога Илан Меслие си постигна автогол. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, овојпат не беше стартер, туку доби шанса од Марсело Биелса дури во 81. минута од мечот.