Францускиот фудбалер од средниот ред Јохан Кабае ја заврши професионалната кариера. Играчот кој од јуни 2020 година е без ангажман реши на 35 години да стави крај на активното играње фудбал.
Кариерата на Французинот кој го носеше и дресот на „галските петли“ траеше 18 години.
Помина низ младинската школа на Лил, играше за вториот тим, а за сениорите дебитираше во 2003 година.
По 8 години го напушти Лил и потпиша за Њукасл, а потоа во ПСЖ, Кристал Палас и Ал Наср.
За „триколорите“ одигра 48 меча и постигна 4 гола.
Во кариерата освои 7 трофеи, три шампион на Франција, две во Купот на Франција и две во Суперкупот.
Во кариерата имаше вкупно 543 настапи на официјални мечеви со учинок од 70 гола и 59 асистенции.