Евертон првпат по 22 години славеше на „Енфилд“ вчера во интересното Мерсисајд дерби, и тоа беше доволна причина да се слави лудо на теренот на лутиот противник.
Во соблекувалната на „гостите“ (иако нивниот стадион е на помалку од еден километар) беше лудо како што покажува видеото на бекот Нилс Нкунку, во кое фудбалерите славата, но очигледно најсреќен беше помошникот тренер на „карамелите“, Данкан Фергусон.
Everton players right now in the Anfield dressing room pic.twitter.com/nD6D6vYqMj
— indykaila News (@indykaila) February 20, 2021