Менаџерот на Челси, Антонио Конте мораше да му одговори на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, откако првиот човек на ФИАТ алудираше на стратегот при говор пред акционерите на Јувентус.
„Му се заблагодарувам на тренерот Масимилијано Алегри што завршува фантастична работа, продолжувајќи ја работата за која некои сметаа дека е завршена“, изјави Ањели, јасно мислејќи на Конте, кој си замина од Јуве по три освоени титули во Серија А.
Конте замина од тимот без претходна најава, само неколку дена откако започна тренингот за новата сезона. Италијанецот на привремена работа во Англија реши да одговори преку својата Фејсбук страница, но повторно не именуваше никого.
„Во животот никогаш не престанувате да запознавате некого. Понекогаш е потребна мала почит. И зрелост“, напиша Конте.