Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, поради повреда ќе го пропушти вечерашниот пријателски натпревар помеѓу Шпанија и Аргентина.
„Мундо депортиво“, објави дека еден од најдобрите фудбалери во историјата, на еден од тренинзите почувствувал болка во бутниот мускул, поради што стручниот штаб на репрезентацијата решил да не ризикува со ѕвездата на Барселона.
Меси, пред четири дена, го пропушти и пријателскиот натпревар против Италија.
Натпреварот Шпанија-Аргентина се игра вечерва (21:30 часот) на стадиното „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.