Top Sport

Марка состави тим од фудбалери со криминално досие

Шпанскиот весник „Марка“, состави екипа од фудбалери што имале пробелми со законот додека биле активни фудбалери или по завршувањето на кариерите. Најпознато има на оваа листа е Бразилецот Робињо кој поради силување е осуден на деветгодишна затворска казна.

Голман: Бруно Фернандес – бразилски голман, соуден на 22 години затвор бидејќи го нарачал убиството на мајката на неговиот син. Во 2017 година е ослободен од обвиненијата, но подоцна бил повторно уапсен.

Десен бек: Серж Орие – еден од најпознатите играчи на оваа листа. Настапува за Тотенхем во Премиер лигата. Во минатото, додека играше за ПСЖ е осуден на затворска казна во време траење од два месеци, бидејќи претепал полицаец.

Центархалф: : Рубен Семедо – најсвежиот пример во овој состав. Се наоѓа во притвор, под обввинение за киднапирање и обид за убиство.

Центархалф: Брено Родригес – Бразилецот ја запали својата куќа во Германија, во времето додека играше во минхенски Баерн (2008-2012). Осуден на три години и девет месеци затвор. Во моментов игра за Васко де Гама.

Лев бек: Алексис Зарате – Аргентинецот поради силување доби затворска казна од осуден на шест години и шест месеци.

Среден ред: Адам Џонсон – поранешен фудбалер на Манчестер сити и Сандерленд. Имал секусуални односи со малолетничка. Англискиот суд му одреди казна затвор од шест години.

Среден ред: Џои Бартон – познат англиски фудбалер познат по својот незгоден карактер. Поради закани, осуден на шест месеци затвор. Од казната одлежал 74 дена.

Среден ред: Рикардо Сентурион – фудбалерот на Расинг (Аргентина) се обидел да поткупи полицаец, му се заканува затворска казна од шест месеци.

Среден ред: Јордан Лечков – најбизарен пример во ова фудбалско друштво. Членот на најславната бугарска генерација е осуден на двегодишна затворска казна поради злоупутреба на градоначалничката функција.

Напад: Микеле Падовани – пораншниот напаѓач на Јувентус е фатен како продава наркотици. Италијанскиот суд му одреди осумгодишна затворска казна.

Напад: Робињо – најпознато име на оваа листа. Бразилецот е осуден на девет години затвор, бидејќи учествувал во групно силување во Милано.

Тренер: Елкин Монсада – првиот тренер на ѕвездата на Колумбија, Хамес Родригес. Поради педофилија одлежал в затвор.

Scroll to Top