Top Sport

Голманот на Месина се олесни пред голот, доби црвен картон (видео)

Во неделата во италијанската Серија А имаше „дерби“ меѓу тимовите на Месина и Игеа на стадионот „Карло Сањо д’Алконтрес“, на терен полн со вода, а за влажниот терен делумно беше одговорен и голманот на Месина, Армандо Приско.

Тој влезе во игра на полувремето, по што во 85. минута доби директен црвен картон откако го забележа како уринира во својата мрежа додека се играше на другата страна на теренот. Моментот на црвениот картон е на 0:39 во видеото, но самиот акт не е „фатен“ од камерманот.

По мечот, Приско се обиде да се оправда.

„Направив гест како да се растегам бидејќи знаев дека има луѓе и не сакав да помислат дека уринирам. Судијата го сфати тоа премногу лично. Му кажав што се случи и дека никој не забележа. Но, нема да го повторам ова. Ќе се обидам да држам“, изјави 21-годишниот голман.

Scroll to Top