Тинејџерот на Баерн, Џамал Мусиала, донел одлука да настапува за сениорската репрезентација на Германија. Тој се надева дека ќе добие повик од селекторот Јоаким Лев за квалификациските натпревари кои ќе се играат наредниот месец.
Мусиала е роден во Германија, а неговиот татко е Нигериец кој има и англиски пасош. Во минатото настапувал за младинските селекции на Англија.
Германските медиуми, објавија дека Мусиала, сметал дека повеќе шанси да биде стартер има во репрезентацијата на германија.
Џамал Мусиала, синоќа, стана вториот најмлад играч што постигнал гол во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.