Top Sport

Михајловиќ побогат за 750.000 евра

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, утрово се разбудил побогат за 750.000 евра. Михајловиќ го доби спорот со Спортинг Лисабон пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Синиша Михајловиќ, во 2018 година, потпиша тригодишен договор за сума од 3.000.000 евра. Во тој период, ситуацијата во Спортинг беше хаотична, дури и играчите беа нападнати од хулигани во клупските простории.

Целиот тој хаос доведе до смена на претседателот Карваљо, кој ја договори соработката со Михајловиќ. Новото раководство, пред Србинот да одработи и една минута со тимот го раскина договорот.

Новиот претседател Варандас, за тренер го назначи Марсело Кајзер.

Тогаш започна и спорот со Михајловиќ, Спортинг му исплатиле 2.000.000 евра, меѓутоа тој барал да му се исплати целата сума.

Денес, Судот во Лозана, пресуди во корист на Михајловиќ, што значи дека лидерот во португалскиот шампионат ќе мора да му ја исплати целата сума.

Scroll to Top