Top Sport

Австријците пресилни – младинците со пет порази во низа

Македонската младинска фудбалска репрезентација загуби по петти пат во квалификациски меч за ЕП во 2019 година, откако на „БСФЗ арената“ во Марија Енцерсдорф загуби со Австрија со 2:0.

Без суспендираниот селектор Благоја Милевски, беа израмнет противник еден час игра, пред  Матијас Хонзак да ни даде два гола во 65. и 73. минута.

По стартната победа на Ерменија, младинската репрезентација влезе во лоша низа, губејќи двапати од Австрија, и по еднаш од Русија, Србија и најпоразително од Гибралтар. Следните мечеви У-21 репрезентацијата ги игра во септември, кога гостуваме во Србија и ја пречекуваме Ерменија.

Србија е прва во групата со максимални 18 поени од шест меча, пред Русија (13) и Австрија (12).

Фото: ФФМ

Scroll to Top