Заврши сагата околу трансферот на Тома Ертел. Францускиот репрезентативец, се врати во татковината и до крајот на сезоната ќе игра во клубот на Тони Паркер, Асветл.
За потсетување, пред еден месец, Барселона го остави Ертел во Истанбул, откако во клубот пристигнале информации дека тој е во преговори со Реал Мадрид. Ертел потоа работеше на условите околу раскинувањето со Барселона. Не успеа да го реализира трансферот во Реал, но шпанските медиуми не ја исклучуваат можноста, тој по завршувањето на сезоната да пристигне во Мадрид.
Ертел, нема да настапува за Асвел во Евролигата, туку ќе игра само во првенствоот и Купот на Франција.