Фудбалерите на Манчестер сити, со 19 последовна победа, синоќа зачекорија во четврт-финалето во Лигата на шампионите. „Граѓаните“, во Будимпешта, славеа над „домаќинот“ Борусија Менхенгладбах со 2:0.
По натпреварот, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, со доза на сарказам, рекол дека парите се најважни во модерниот фудбал.
„Имаме многу пари за да купиме многу неверојатни фудбалери. Без квалитетни фудбалери не можете ништо да направите“, рекол Гвардиола.
Сити, победничката низа, ќе се обиде да ја продолжи викендов против Вест Хем, во Премиер лигата. Реваншот со Борусија „граѓаните“ ќе го одиграат на 16.март.