Вирусот Ковид-19 влезе во Интер, објави на официјалната интернет страница клубот од Милано. Заразени се петмина од клупските челници, меѓу кои е и спортскиот директор Бепе Марота.
Некои од заразените биле во контакт со фудбалерите, поради што сите во клубот ќе мора да бидат тестирани.
Додека не стигнат резултатите од тестовите, Серија А, им наложи сите да бидат во изолација.
Ова значи дека фудбалерите на Интер нема да одработат ниту еден тренинг до натпреварот со Џенова.