Англија, синоќа во пријателски натпревар ремизираше со Италија 1:1, Луис Кук дебитираше во дресот на „Гордиот Албион“, а неговиот дедо заработи 17.000 фунти.
Кога Кук имал 17 години, неговиот дедо во 500 фунти се обложил дека неговиот внук до својата 26 година ќе дебитира за сениорскит тим на Англија.
Обложувалницата му понудила коефициент 33:1, а синоќа тикетот бил активиран и господинот Бурлинген ја пополнил својата сметка со 17.000 фунти.
Кога станува збор за Кук, прашање на денот беше кога тој ќе дебитира за сениорската репрезентација, бидејќи беше дел од националниот тим и во ноември минатата година. Кук е еден од најважните играчи на У-20 репрезентацијата која стана светски првак.