Top Sport

Крос: Германија не е толку добра како што мислат луѓето

Германскиот репрезентативец Тони Крос рекол дека националниот тим треба да извлече поуки од поразот против Бразил за да биде на вистинското ниво на Светското првенство во Русија, каде Германија ќе ја брани титулата.

Германија, синоќа во Берлин, загуби од Бразил 0:1. Стрелец на голот беше Габриел Жесус во 37.минута. Поразот од Бразил е прв по 22 натпревари, односно по поразот во полу-финалето на Европското првенство во 2016 година од Франција.

„Малку подобро игравме во второто полувреме, меѓутоа негативните работи беа видливи“, рекол Крос.

„Покажавме дека можеби не сме толку добри како што мислат луѓето или како што мислиме ние самите. Им беше лесно да играат против нас. Неколку играчи требаше да го покажат потенцијалот но не го направија тоа. Поради техничките грешки загубивме премногу топки, не бевме подготвени за дуелите. Имаме на што да работиме до почетокот на Светското првенство“, дополнил Крос.

Германија на Светското првенство се наоѓа во групата со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Scroll to Top