Top Sport

Лацио жртва на хакерска измама

Хакерска група, со успешна измама, успеала од сметката на фудбалскиот клуб Лацио да извлече два милиони евра. Хакерите ја извлекле сумата од последната рата што Лацио требало да му ја уплати на Феенорд, за трансферот на Стефан де Фрај во 2014 година.

Хакрите дознале дека Лацио треба да ја уплати ратата, потоа успешно ги фалификувале документите на холандскиот тим. Челниците на Лацио кога ја примиле електронската пошта, веднаш на банкарската сметк ја уплатите бараната сума.

Измамата била откриена откако од Феенорд побарале Лацио да ја исплати последната рата од трансферот на холандскиот репрезентативец.

Холандското обвинителство веднаш покренало истрага за овој случај.

Инаку, Лацио ќе мора да му ги уплати парите на Феенорд, а во летниот преоден рок ќе остане без Де Фрај кој како слободен играч ќе го напушти клубот.

Scroll to Top