Мечот од етиопската прва лига меѓу Велвало Адиграт и Фасил Кенема донесе можеби најбизарен автогол во 2017 година, откако голманот на Велвало реши сам да си ја уфрли топката во мрежата.
Уште позачудувачки, тој се преправаше дека ништо не се случило, надевајќи се дека никој од судиите, гледачите, ниту камерите не го забележиле киксот на годината. Инаку ова беше единствениот гол на мечот.