Лара Гут-Бехрами ја продолжи неверојатната серија во Светскиот куп. Откако вчера победи на спуст трката во Вал ди Фаса, таа на истото место, денес забележа уште една победа во оваа дисциплина.
Гут-Бехрами, до четвртата победа во нзиа, шеста оваа сезона, а 32 во нејзината кариера, дојде со време од 1:25.53 минути.
Двојната победа на Швајцарките ја комплетираше Корин Сутер, која во целта влезе со време 1:25.85 минути. Третото место и припадна на Германката, Кира Вејдле (1:26.21).
Со оваа победа, Гут-Бехрами, ја зголеми предноста на челната позиција во Светскиот куп. Таа има 1.147 поени, 107 повеќе од Петра Влхова.
Лара Гут-Бехрами, утре ќе има можност да ја продолжи победничката серија, во Вал ди Фаса, ќе се вози супер-велеслалом.