Ракометарите на Еурофарм Пелистер, забележаа убедлива победа 28:16 (11:7), против десеткуваниот Татран Прешов, во регионалната СЕХА лига.
Со оглед на кадровските проблеми со кои се соочува Татран, Еурофарм Пелистер, влегоа како апсолутни фаворити во натпреварот. Таа улога во целост ја оправдаа во второто полувреме.
Битолчани имаа четири гола предност на полувреме, во вториот дек го крена нивото на играта и на крајот победија со двоцифрена разлика.
Граџан со седум и Периќ со шест гола го предводеа нападот на Еурофарм Пелистер, додека на голот Египќанецот Хендави имаше 14 интервенции.