Жерард Пике инсистира дека трката за титулата во шпанската Ла лига не е завршена, откако Барселона стигна до импресивна 2:0 победа кај Севилја за да го намали водството на Атлетико Мадрид.
Лео Меси постигна еден гол, намести уште еден за Усман Дембеле, и сега Барса се на два поени од Атлетико, иако „рохибланкос“ имаат два натпревари помалку и денеска играат со Вилјареал.
„Постои трка за титулата, дефинитивно. Сме виделе и полоши работи, и тимот и покрај поразите од Севилја и ПСЖ се врати со верба во своите квалитети. Дома ги заддржавме Севилја без вистински шанси и без удар на голот. Ако го свртиме резултатот против нив во Копа дел реј, сезоната ќе се смени“, вели 34-годишниот ветеран.