Top Sport

Се пресели од Хонгконг во Англија за да навива за Портсмут!

Така се сака својот фудбалски клуб. Хои По пред две години реши да се пресели од Хонгконг во Англија само за да може да навива за својот омилен англиски фудбалски клуб, иако клубот тогаш играл во четвртата лига лига.

26-годишниот По, кој има прекар Нико по поранешниот играч на Портсмут, Хрватот Нико Крањчар, се заљубил во клубот гледајќи го во Премиер лигата, и посебно бил импресиониран од тоа колку навивачите биле гласни.

Откако се пресели во Портсмут, тој има пропуштено само три меча, и вели дека дури и по падот во четвртата лига во 2008 година, не се откажал од клубот. Но, сега тој ќе мора да се врати дома во Хонгконг поради истекот на неговата двегодишна виза како работник.

„Почнав да гледам Премиер лига во 2006 година и мислев дека ‘Помпеј’ се еден од најдобрите клубови. Кога ги гледав на ТВ, фановите беа најгласни. Првпат ги гледав на азиската турнеја во 2007 година, кога играа против Ливерпул во Хонгконг. Имаше само 300 навивачи на Портсмут, а 30.000 на Ливерпул, но ние бевме погласни. Оттогаш за мене има само еден клуб. Немаше да бидам вистински навивач да се откажев кога испаднаа од лигата“, вели По.

Тој прво миел садови во ресторан, за да има слободни денови за да го следи клубот. Во мај 2016, кога Портсмут влегоа во плеј-офот за влез во третата лига, неговиот газда му соопштил дека мора да работи наместо да оди во Плимут. По решил да даде отказ, а Портсмут загубија со 1:0 со гол во последната минута.

„Игравме против Плимут во плеј-офот за влез во Лига два и требаше да работам, но морав да го гледам тој натпревар. Не зажалив“, вели По.

Scroll to Top