Top Sport

Легендарниот тренер: Требаше јас да заминам, а не Крањчар

„Тренерот на сите тренери“, Мирислав Ќиро Блажевиќ, е во шок по сознанието дека денес почина Златко Цици Крањчар.

Блажевиќ, три години го тренирал Крањчар, а врв на нивната соработка е освоената титула во Југославија. Во сезоната 1981/82, Динамо Загреб победи во првенството на СФРЈ.

„Во шок сум, не можам од креветот да станам. Навистина не знам што да кажам. Пред неколку дена се слушнав со неговиот доктор, знаев дека не е добар, но не знаев дека сосотојбата му е толку лоша. . Сите чекаат јас да заминам, а замина Цицо. Мене ми е времето, а не него. Многу сум тажен“, рекол 86-годишниот тренер.

Scroll to Top