Најлошиот тим во Бундес лигата го смени и третиот тренер од почетокот на сезоната. На местото на Кристијан Грос, кој забележа само една победа на 11 натпревари, доаѓа 42-годишниот Димитриос Грамозис. Шалке се последни во Бундес лигата со само девет освоени бодови.
Грамозис беше без работа од јуни минатата година кога го напушти Дармштатд. Со овој тим, Грамозис, заврши на петтото место во втората Бундес лига.
Овој 42-годишник со Шалке потпишал договор до крајот на сезоната, но според медиумите, тој ќе го води тимот и во Втората лига, бидејќи Шалке има сериозни финансиски проблеми.
Грамозис е четвртиот тренер од почетокот на сезоната Шалке, по Давид Вагнер, Мануел Баум и Кристијан Грос.