Роналд Куман повторно мораше да одговара на шпекулациите дека неговата позиција на тренер на Барселона е неизвесна, инсистирајќи дека клубот ќе има проблеми ако тој нема иднина во клубот.
Куман доби двегодишен договор кога го замени Кике Сетиен во август 2020, но сега се наоѓа под притисок по неубедливата сезона, а бидејќи овој месец се одвиваат и изборите за претседател во каталонскиот клуб, тој признава дека не знае дали ќе му дадат шанса да го исполни договорот.
„Не сум зборувал со никого. Ќе почекаме да видиме кој ќе биде претседател и кој е неговиот план. Ако јас не гледам важна иднина за мене во Барселона, тогаш ќе имаме проблем, бидејќи имам уште една година од договорот“, изјави легендата на клубот.
Барселона оваа недела ја преокупираат други работи, по избивањето на скандалот „Барсагејт“ и апсењето на поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу, човекот кој му даде работа на Куман.
„Кога ги слушнав вестите, знаев дека е лошо, бидејќи го знам добро Бартомеу и Оскар Грау. Се чувствувам лошо за нив, а Бартомеу секогаш бил исклучителен кон мене“, вели Куман.