Директорот на Лацио, Игли Таре не чувствува „милост“ кон Торино по неодигрувањето на денешниот меч од Серија А и инсистира дека тие ги почитуваат правилата и очекуваат службен 3:0 триумф.
Мечот требаше да започне во 19.30 часот, но Торино останаа во нивниот град, бидејќи локалната здравствена власт им нареди да останат во карантин барем до полноќ.
„Можам да кажам многу работи, но ги држам во себе. Ние ги почитувавме правилата, дојдовме на стадион, почекавем 45 минути и потоа оставаме на властите. Мора да се почитува лигата, а правилата се поставени одамна. Зошто ние мораме да сфаќаме нешто, властите ги утврдуваат работите. Ние очекувавме меч, и не го го немаше. Се подготвувавме за меч“, вели Таре.
Слична ситуација имаше во октомври, кога тимот на Наполи не отпатува во Торино за мечот за Јувентус по совет на локалните здравствени власти, и иако првично Серија А ги додели трите поени за Јувентус, подоцна апелацијата одлучи дека мечот треба да се преигра.