Манчестер јунајтед, во летниот преоден рок, ќе се обиде да донесе централен дефанзивец, кој би играл покрај капитенот на тимот, Хари Мегваер.
Долго време со Манчестер јунајтед се поврзуваше Серхио рамос, меѓутоа од „Одл Трафорд“ демантираат дека кај нив постои интерес за капитенот на Реал. Манчестер јунајтед го сакаат во тимот партнерот на Рамос од добраната на реал, Рафаел Варан.
Францускиот репрезентативец има договор со Реал до јуни 2022 година, а според шпанските медиуми негова желба е да го напушти Мадрид, во кој пристигна во 2011 година.
Варан е еден од најтрофејните фудбалери на денешнината, со Реал ги освои сите можни трофеи, а со Франција стана светски првак.