Наполи и Сасуоло одиграа неверојатен меч од 25. коло во Серија А, откако Наполи направи пресврт и дојде до 3:2 водство во 89. минута од пенал, за во 94. минута домаќините исто така од пенал да обебедат 3:3 реми. Претходно во мечот имаше поништен гол, автогол и уште еден пенал.
Тимот на Џенаро Гатузо сметаше дека дојде во водство во 22. минута, кога Лоренцо Инсиње стрелаше, но голот беше поништен по ВАР реакцијата поради офсајд. во 34. минута, домаќините дојдоа во водство со автоголот на Максимовиќ, за само четири минути подоцна да дојде до израмнување преку Пјотр Зиелински.
Сепак, Сасуоло на одмор отиде со предност, откако Доменико Берарди во 45. минута даде гол од пенал. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 67. минута на место на Дрис Мертенс, а во 72. минута Џовани ди Лоренцо израмни на 2:2. Во 89. минута беше досуден пенал и за Наполи, кој Лоренцо Инсиње сигурно го реализираше и кога се мислеше дека ги освоија трите поени, повторно имаше пенал на другата страна, кој во 94. минута го реализираше Франческо Капуто.
Со поенот, Наполи остануваат на петтото место со 44 поени, два помалку од четвртопласираната Аталанта, додека Сасуоло се осми со 36 поени.