Top Sport

Најдобриот тим на Премиер лигата без играчи на Јунајтед?

Британскиот весник „Гардијан“ го избра својот најдобар тим на Премиер лигата оваа сезона досега, и во него изненадувачки нема место за ѕвездите на Тотенхем и Манчестер јунајтед.

Во Премиер лигата оваа сезона доминира тимот на Пеп Гвардиола, Манчестер сити, кој има фантастична предност од 16 поени пред Јунајтед, и во „Гардијан“ го забележаа тоа и дури четири играчи на Сити се во тимот (иако нема место за одличниот Николас Отаменди) – голманот Едерсон (пред Давид де Хеа), Кевин де Бројне, Давид Силва и Кајл Вокер.

Ливерпул, кои се трети во Премиер лигата, даваат тројца фудбалери во тимот на сезоната – Роберто Фирмино, Мохамед Салах и Ендру Робертсон, а место има и за двајца играчи на Барнли (Џејмс Тарковски и Бен Ми), еден на Ватфорд (Абдулаје Дукуре) и еден на Тотенхем (Сон Хеунг-Мин).

Покрај тоа што ниту еден играч на Манчестер јунајтед според „Гардијан“ не заслужи место во тимот (ниту фантастичниот Де Хеа, ниту стабилните Лингард и Рашфорд), најмногу „боде во очи“ отсуството на најдобриот англиски напаѓач, Хери Кејн.

Scroll to Top