Томас Милер вели дека би сакал неговиот поранешен колега, Филип Лам да биде следниот тренер на Баерн Минхен, иако е тешко да се верува дека легендата на Баварците ќе го добие столчето на Јуп Хајнкес.
72-годишниот Хајнкес ги одби сите понуди од Баерн да остане и следната сезона, откако беше „убеден“ да се врати по отпуштањето на Карло Анчелоти. Околу неговиот наследник имаше многу шпекулации, а фаворити се Јулијан Нагелсман од Хофенхајм, но и шефот на Ливерпул, Јирген Клоп.
34-годишниот Лам се повлече од фудбалот минатата сезона, и Милер вели дека тој би бил добар тренер.
„Филип секогаш мора да биде во игра за било која улога во Баерн. Тој го живееше животот за Баерн и е некој кој размислува надвор од рамките. Има доволно искуство, го познава клубот целосно и веќе даде многу за клубот“, вели Милер.
Баерн речиси сигурно ќе ја одбранат титулата од Бундеслигата, откако Хајнкес го „стабилизираше“ тимот по слабиот старт, и Милер вели дека никој од играчите не се оптоварува со тоа кој ќе биде следниот тренер.
„Лично, јас не се оптоварувам, бидејќи во мојот договор не стои дека сум одговорен за потрагата за нов тренер“, додава Милер.