Ваљадолид забеелжаа победа над Хетафе со 2.1, во првиот натпревар од саботната програма во 26.коло, во Ла Лига.
Со оваа победа Ваљадолид ја прекинаа лошата низа. Клубот чии сопственик е славниот Бразилец Роналдо, немаше победа на претходните осум натпревари.
Интересно, последната победа, пред да ја започнат лошата низа, фудбалерите на Ваљадолид ја запиѓаа токму притив Хетафе, во првиот дел од сезоната.
Добрата игра на домашните играчи во првите 25 минути им ја овозможија победата. Оскар Плано во 14. и Израелецот Шон Вејсмен во 24.минута ги постигнаа головите за Ваљадолид. Конечниот резултат го постави Мата во 37.минута. овој фудбалер поради неспортски потег доби црвен картон во 85.минута.